Царовска: Се подготвуваат три сценарија за тоа како ќе се одвива новата учебна година
Ресорот подготвува резервни сценарија, едното за настава со ротации и другото, со систем каде што учениците од повисоките класови би следеле онлајн настава, што, секако, ќе зависи од епидемиолошката состојба.

„Најдобро би било, новата учебна година да започне со ученици во училиштата“, изјави министерката за образование и наука, Царовска. Сепак, ресорот подготвува резервни сценарија, едното за настава со ротации и другото, со систем каде што учениците од повисоките класови би следеле онлајн настава, што, секако, ќе зависи од епидемиолошката состојба.
„Сите, и јас и премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, сакаме учебната година да почне со првото сценарио, целосно отворање на училиштата согласно здравствените протоколи за сите одделенија и сите години. Второто сценарио е со физичко присуство да одат учениците од прво до четврто одделение, останатите онлајн. Третото сценарио е да бидат поделени во групи, една недела да оди една група ученици, друга недела втора група ученици“, кажа Царовска на отворање на нова спортска сала во Волково.
Учебната година 2020/2021 почна на 1 октомври, и со физичко присуство одеа учениците од прво до трето одделение, како и некои стручни училишта или училишта низ земјава кои ги исполнуваа условите согласно ковид протоколите. Сите други посетуваа онлајн настава.
