Регистрирани три нови случаи со Ковид-19
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.676, бројката на оздравени пациенти е 149.967, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 225.

Во последните 24 часа се направени 1.342 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 3. Регистрирани се 6 оздравени пациенти од: Скопје и Тетово – по 2, Кочани и Кичево – по 1. Не се регистрирани починати лица- соопштува Министерството за здравство.
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.676, бројката на оздравени пациенти е 149.967, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 225.
Досега во земјата се направени вкупно 874.236 тестирања на Ковид-19.
