Три сценарија за новата учебна година
Најдобро би било новата учебна година да започне со ученици во училиштата, изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска. Сепак ресорот подготвува и резервни сценарија, едно за настава со ротации и друго со систем каде што учениците од повисоките класови би следеле онлајн настава, што ќе зависи од епидемиолошката состојба...

Подготвени три сценарија за старт на учебната година. Првото е целосно отворање на училиштата, согласно со здравствените протоколи. За да се оствари ова сценарио неопходна е соодветна епидемиолошка состојба, Комисијата за заразни болести да даде зелено светло.
Дел од учениците да одат во школо – од прво до четврто одделение, а останатите да учат онлајн и да им се доставуваат материјалите за учење, како годинава, е второто сценаријо. Третото е, доколку состојбата со коронависусот не е толку критична за целосно затворање, да се распределат во групи. Една недела прва група ученици, друга недела втората група.
Министерката за образование Царовска тврди- одложеното доделување на свидетелствата до крајот на учебната година до 31-ви август е во рамки на законските рокови. Уверува дека свидетелствата ќе ги добијат учениците кои треба да се запишат во средно училиште и на факултет.
Наташа Гркова- Петрушевска
