Скопје

Турканици за издавање лични документи пред МВР

28.06.2021 15:27

Повеќечасовно чекање и турканици на речиси 40 степени Целзиусови за издавање лични документи. Ваква беше сликата пред Министерството за внатрешни работи во Скопје. Дел од граѓаните револтирани...

Повеќечасовно чекање и турканици на речиси 40 степени Целзиусови за издавање лични документи. Ваква беше сликата пред Министерството за внатрешни работи во Скопје. Дел од граѓаните револтирани, за МТВ велат – чекаме со часови, иако имавме закажан термин.

„Од 11 часот чекаме и уште не сме влегле, а не се влезени ни тие пред нас.“

„Долго чекав, пет часа.“

„Веќе два часа чекам.“

„Два часа чекам за продолжување возачка дозвола. Катастрофа е ова“- велат граѓаните кои ги анкетиравме.

Од МВР велат- минатиот четврток и петок не работевме поради надградба на системот за да почне издавањето пасоши со новото име на земјава, а од денеска стандардно функционираме.

„Оние граѓани кои имаа термин во четвротк и во петок им беше соопштено да дојдат од понеделник и во наредните денови. Во одредени делови од денот имаше граѓани кои дојдоа во ист термин, и токму поради тоа имаше голем број насобрани граѓани и тоа е надминато. Апелирам до граѓаните да не подлегнуваат на дезинформации“, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Пасоши има во доволен број и ќе добијат сите што аплицирале, вели Ангеловски.

Марија Котовска