Ковид-19

Во пунктот во Штип се имунизираат по илјада лица дневно

28.06.2021 15:31

По илјада лица од Штип и регионот добиваат термин за вакцинација денес и утре, а од среда се очекува и помасовна имунизација. Пунктот работи во две смени, а граѓаните главно се задоволни од текот на вакцинацијата. Од почетокот на имунизацијата во Штип се вакцинирани над 22 илјади лица.

Без застој тече имунизацијата во салата „Јордан Мијалков“ во Штип. По илјада лица дневно со потврден термин се имунизираат деновиве, старосната граница е над 40 години.

Граѓаните главно се задоволни од текот на вакцинацијата и покрај високите температури во салата.

Во вакциналниот пункт во Штип од почетокот на имунизацијата до сега околу 16 илјади лица се комплетно вакцинирани, а околу шест илјади ја примиле првата доза.

 

Славица Величковска