Еввроинтеграции

Португалскиот предлог е македонски јазик за ЕУ, со унилатерална изјава за бугарскиот став

30.06.2021 14:42

Изјавата на португалската државна секретарка за европски прашања е прилично несреќна и целосно спротивна на португалскиот предлог и официјалниот став на Лисабон, инфомира вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Во рамките на контактите што тој и шефот на дипломатијата Османи ги оствариле со португалските претставници, било изразено жалење од страна на официјален Лисабон...

Изјавата на португалската државна секретарка за европски прашања е несреќна и целосно спротивна на португалскиот предлог и официјалниот став на Лисабон, информира вицепремиерот за европски прашања Димитров. Во рамките на контактите што тој и шефот на дипломатијата Османи ги оствариле со португалските претставници, македонската страна укажала на несоодветноста, додека официјален Лисабон изразил жалење за изјавата.

Португалскиот предлог, вели Димитров, се потпира на предлог-преговарачката рамка предложена од Европската комисија. За македонскиот јазик се предвидува тој да остане со чиста формулација-  македонски јазик, а бугарската позиција да биде искажана преку унилатерална изјава.

Димитров информира и дека Владата ја усвои Националната програма за усогласување со правото на Европската унија, додавајќи дека програмата ќе биде претставена во Собранието.

 

Марија Котовска