Македонија

МВР: Приведени двe лица за денешното разбојништво во банка

08.03.2022 18:32

МВР соопшти дека се приведени Н.Ш. (24) и С.Б. (32) поради сомнение дека учествувале во денешното разбојништво...

Денеска во Скопје се приведени Н.Ш. (24) и С.Б. (32) поради сомнение дека учествувале во денешното разбојништво кое беше пријавено во 12.35 часот во експозитура на банка на подрачје на Центар кога три лица со закана со оружје одземале пари од вработените.

МВР соопшти дека се преземаат и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.