МВР: 131 санкциониран возач во Скопје, 20 за брзо возење

26.03.2022 09:36

На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 17 санкции за возење без возачка дозвола, четири за санкции за некористење на сигурносен појас.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 17 санкции за возење без возачка дозвола, четири за санкции за некористење на сигурносен појас.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, три мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, 11 санкции за нерегистрирани возила, седум санкции за управување под дејство на алкохол...

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апел од МВР до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.