201 нов случај со Ковид-19, починати пет лица
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.178, бројот на оздравени пациенти е 295.237, на починати е 9.226, а бројот на активни случаи изнесува 1.715.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 1.986 тестови, а регистриран е 201 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 111, Битола – 27, Кавадарци – 19, Прилеп – 7, Куманово , Кичево и Кочани – по 5, Тетово, Охрид и Гевгелија – по 3, Струмица, Ресен, Крива Паланка и Делчево – по 2, Велес, Гостивар, Радовиш , Дебар и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (201), регистрирани се 37 реинфекции. Регистрирани сe 249 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лице од: по едно починатo лице од Куманово (75г) и Тетово (83г), двете лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени три починати лица од: Охрид(1), Гостивар (1) и Виница(1), на возраст од 43 години до 76 години.Пријавените лица се починати во период од 21.03.2022 до 26.03.2022 гоидна.Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (5) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.178, бројот на оздравени пациенти е 295.237, на починати е 9.226, а бројот на активни случаи изнесува 1.715.
Досега во земјата се направени вкупно 1.964.475 тестирања на КОВИД-19.
