МПЦ се сомнева во пописните резултати за религиската припадност
Од МПЦ велат дека методологија не разликува припадност на религија, на вероисповед и на црква или верска заедница и група.

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, се сомнева во статистичката прецизност во делот за религиозната припадност, каде според црквата, има сериозна статистичка грешка која опфаќа 13,4 отсто од населението.
Од МПЦ велат дека методологија не разликува припадност на религија, на вероисповед и на црква или верска заедница и група.
Ова ги прави презентираните резултати конфузни, а со тоа и неточни, и не ја одразуваат реалната состојба на верска припадност во земјата. Црквата има забелешки и за непопишувањето на Православните Македонци по светот.
Во резултатите од пописот, над 13 проценти беа издвоени само како Христијани.
