Битола една скала подолу по бројката на резидентно население
Градот на конзулите со попишаните 85.164 жители се спушта една скала подолу кога е во прашање големината на општината по населеност. Експертите велат тоа е резултат пред сè на економските и репродукционите аспекти...

Последниов попис само ги потврди сомнежите дека по големите иселенички бранови во втората половина од минатиот век во новиот милениум општина Битола по втор пат доживува демографски потрес. Бројката на попишани 85.164 жители е за десет илјади помала од онаа пред 20-сет години. Податокот за 13.000 повеќе станбени објекти од домаќинства сам по себе говори дека економскиот аспект е еден од главните што катанците висат на вратите од многу селски куќи, а младите умови преку пасошот а не дипломата ја гледаат својата подобра иднина велат експертите социолози.
Универзитетскиот професор непопуларната прогноза ја поткрепува и со податокот дека 26 отсто од актуелното битолско резидентно население е во возрасната категорија од над 60-сет години. Ако на тоа се додаде дека подолго време во овој регион морталитетот е поголем од наталитетот Жоглев со децидна порака „Ако несвесно дозволивме да ни бегаат младите да се преземат конкретни стимулативни мерки за репродукциониот аспект“.
Со мали исклучоци актуелнава демографска слика опоменува во сите општини од државата и укажува дека сите релевантни надлежни фактори со заеднички сили треба да се вложат и да се надмине оној „елементарениот недостаток на чувството од заедништво“.
Стевче Митревски
