СОНК и Владата денеска на нова рунда преговори

04.04.2022 10:57

СОНК не отстапува од одлуката за генералан штрајк, на 11-ти април, ако нема договор. Тоа би го одложило и полагањето на матурскиот испит. Наставата која учениците ќе ја пропуштат, ќе им биде надоместена, уверува првиот човек на СОНК, Неделков.

Нов обид за договор меѓу Владата и СОНК за барањата за зголемување на платите на вработените во образованието и во градинките за 18,5 проценти, сметано со мартовската плата.

СОНК не отстапува од одлуката за генералан штрајк, на 11-ти април, ако нема договор. Тоа би го одложило и полагањето на матурскиот испит. Наставата која учениците ќе ја пропуштат, ќе им биде надоместена, уверува првиот човек на СОНК, Неделков.

Премиерот Ковачевски вели- да за зголемување на платите, но не сега. Според него, ако платите во овој сектор пораснат за 18 насто, државата не ќе може да ги сервисира обврските, и би се зголемила инфлацијата, а со тоа и цените.