Скопје

Нови смарт- табли за училиштата во Аеродром

04.04.2022 12:24

За училиштата во Аеродром се обезбедени 18 смарт-табли, односно за секое по две, вклучително и за подрачното училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче.

Основните училишта во Аеродром добија нови смарт- табли во рамките на проектот „Поддршка на образовниот процес и стимулирање на дигиталните вештини на учениците во основните училишта во Општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода“ чиј носител е Центарот за развој на Скопски плански регион.

За училиштата во Аеродром се обезбедени 18 смарт-табли, односно за секое по две, вклучително и за подрачното училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче. Со оваа соврмена опрема се следи чекорот на интегративните процеси на дигитализацијата која се одвива во сите општествени сегменти, вклучитело и во образованието.

Процесот на дигитализација продолжува и во иднина како еден од главните приоритети, информираат од општината.