Попис

ДЗС: Направена е техничка грешка при внесувањето на податоците за религиозната припадност

04.04.2022 13:47

Како граѓани кои се изјасниле како атеисти, беше наведена бројката од 355, наместо 8.764 лица, кои се изјасниле дека не се верници.

При објавувањето на податоците од пописот во делот на религиозната припадност, беше направена техничка грешка, вели за МТВ, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Како граѓани кои се изјасниле како атеисти, беше наведена бројката од 355, наместо 8.764 лица, кои се изјасниле дека не се верници.

Директорот на Државниот завод за статистика појаснува дека станува збор за замена на местата на бројките, односно, наместо Евангелисти- методисти, било наведено, атеисти.

Симовски тврди дека другите податоци се во ред, а граѓаните можат сите податоци кои се во нивен интерес да ги пронајдат во базата на заводот за статистика.