Политика

СДСМ: Ниту една лажна анкета не може да ја скрие вистината за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ

05.04.2022 12:28

Според партијата, последната анкета е само неуспешен обид да се дефокусира јавноста од реалноста, а таа е катастрофалната работа на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, односно неработа.

Ниту една лажна анкета пласирана од „белиот дворец“ не може да ја скрие вистината за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и неработењето на градоначалниците од оваа партија, реагираа од СДСМ.

Според партијата, последната анкета е само неуспешен обид да се дефокусира јавноста од реалноста, а таа е катастрофалната работа на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, односно неработа.

Ниедна нарачана анкета од ВМРО-ДПМНЕ не може да ги покрие скандалите во кои е вмешан Мицкоски ниту пак срамот од бројните судски случаи, од „Плацови на Водно“ па сè до „Титаник“ против членови на партиското раководството на најкриминалната партија во Европа, стои во реакцијата од социјалдемократите.