Обвинетиот за сообраќајката кај „Сити Мол“ призна вина за смртта на Викторија Николова
Обвинетиот Јордан Ѓорѓиев на денешното рочиште призна вина за сообраќајната несреќа кај „Скопје Сити Мол“, во која загина 24-годишната Викторија Николова, а со телесни повреди се здоби нејзиниот партнер Леонид Даов

Обвинетиот Јордан Ѓоргиев, призна вина за сообраќајна несреќа кај „Скопје Сити Мол“ во која при преминување на пешачки премин загина 24-годишната Викторија Николова, а со тешки телесни повреди се здоби нејзиниот партнер, Леонид Даов.
„Се чувствувам виновен, жал ми е. Свесно го кажувам ова, никој не ме уценува. Знам дека ќе следи санкција“, кажа Ѓоргиев.
На Ѓорѓиев му се суди за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Според обвинението тој возел со брзина од 67,3 километри на час што е 17,3 километри на час повеќе од пропишаната брзина.
