Влада

Ковачевски предводи владина делегација на „Делфи економскиот форум“ во Грција

06.04.2022 12:44

Во рамки на посетата на Грција, премиерот Ковачевски ќе оствари средби и работни состаноци со лидери и истакнати политичари во светски рамки.

Премиерот Димитар Ковачевски на седмиот „Делфи економски форум“ во Грција ќе ја предводи владината делегација. На Форумот во различни денови учествуваат и вицепремиерот за економски прашања и министрите за надворешни работи, финансии, економија, одбрана и животна средина.

„Делфи економскиот форум“ се одржува од 6-ти до 9-ти април и е под покровителство на претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу.

Во рамки на посетата на Грција, премиерот Ковачевски ќе оствари средби и работни состаноци со лидери и истакнати политичари во светски рамки.

Организаторите на настанот информираат дека целта е да се покријат сите теми, а оваа година поради војната, голем дел ќе биде посветена на Украина, но и на геополитичките предизвици.

На седмиот „Делфи економскиот форум“ насловен „New Realities“ потврдени се речиси 800 говорници од над 36 земји, а ќе бидат опфатени низа теми, како што се светската безбедност, глобалната економија, климатските промени, иднината на ЕУ, технологијата, здравството, општеството и културата.