Комисијата со препорака за укинување на одлуката за задолжително носење на заштитни маски
Укинување на задолжителното носење маски во затворен простор, освен во јавниот превоз, болници, аптеки, старски домови, препорача Комисијата за заразни болести по денешната седница...

Укинување на задолжителното носење маски во затворен простор, освен во јавниот превоз, болници, аптеки, старски домови, препорача Комисијата за заразни болести по денешната седница.
Предлагаме укинување на задолжително носење маски во затворен простор. Исклучок од оваа мерка се здравствените установи, домови кои згрижуваат лица, аптеките и јавниот превоз. Маските може да се носат само по желба, но задолжително носење не се практикува, информираа од Комисијата.
Нема повеќе да се следат ниту контактите на заразените и нема да се препорачува излоација.
Ја проценуваме епидемиолошката состојба и предлагаме постепено олабавување на мерките, посочија од Комисијата.
Мерките ќе бидат предложени до Главниот кризен штаб, а доколку таму бидат усвоени ќе се најдат на седница на Владата за крајно усвојување и стапување во сила.
