Македонија

Кривична пријава за поранешниот претседател на ДИК, Оливер Деркоски

06.04.2022 15:41

Со пријавата се опфатени уште тројца, претседател на Комисија за јавни набавки и уште двајца нејзини членови. Сите се товарат за злоупотребна на службената положба.

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот претседател на ДИК, Оливер Деркоски за набавката на софтвер за потребите на Комисијата.

Со пријавата се опфатени уште тројца, претседател на Комисија за јавни набавки и уште двајца нејзини членови. Сите се товарат за злоупотребна на службената положба.

Во соопштението од Финансиската полиција се наведува дека осомничените во 2019-тата година заобиколувајќи го законот за јавни набавки, овозможиле на тендерот да се јави само една фирма со која потоа бил склучен договор во износ од 5 милиони денари.