258 сообраќајни прекршоци во Скопје, 109 санкции за прекршоци што ги прават пешаците
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 258 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 109 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се шест мерки технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 42 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Министерството за внатрешни работи апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
