Судство
Разрешени петмина судии
07.04.2022 15:55
Судскиот совет разрешил петмина судии. Утврдиле повреда на законите...

Судскиот совет разрешил петмина судии. Утврдиле повреда на законите. Еден судија исклучил неколкумина колеги од системот АКМИС при процесот на распределба на предмети и ги довел во нерамноправна положба судиите во судот, во период кога истекувал рокот на СЈО за покренување постапки.
Во останатите случаи, Судскиот совет утврдил прекршување на судскиот деловник и констатирал нестручно и несовесно работење од стана на разрешените судии.
