Конференција за хибридните закани
Балканот и Македонија се втурнати во хибридна војна со цел - изолирани безбедносни инциденти и политичка дестабилизација на повеќе држави поради отворените прашања во регионот, беше речено на Конференцијата за хибридни закани. Според германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн, проширувањето на Европската унија станува безбедносна политика...

Руското дејствување на балканот е дел од пошироката стратегија на Путин за поткопување на демократијата и западните вредности. Северна Македонија е цел на руските хибридни закани во кои се прави обид одвнатре да се турне државата вели проректорот на универзитетот „Св. Климент Охридски Марјан Ѓуровски“. Наративот е насочен против НАТО, ЕУ, западните вредности и партиите кои го поддржуваат договорот од Преспа.
Политиката на проширување станува безбедносна политика, треба да ѝ се даде значителен поттик, особено за пристапувањето на Северна Македонија и Албанија, да се даде визна либерализација на Косово, да се постигне поголем напредок во односите со Србија како и стабилност во БиХ, вели германската амбасадорка во земјава. Според неа германската влада сега е уште повеќе фокусирана на западниот Балкан од кога било порано.
Уште нешто станува многу јасно дека преспа и болното откажување од традиционалното име на земјата се исплати. Земјата сега ужива безбедност како членка на НАТО. Членството во НАТО е и силен аргумент за Северна Македонија како бизнис дестинација. Во однос на проширувањето не се работи за тој фамозен датум за започнување на преговорите туку многу повеќе се однесува на севкупните внатрешни долгорочни реформски процеси кои треба да се забрзаат за да се изгради постабилна демократија, рече амбасадорката Холштајн.
На конференцијата за предизвиците и перспективите на земјите од западниот Балкан во контекст на регионалната безбедност покрај експерти од земјава, учествува и познавачи на состојбите од Бугарија и Србија.
Игор Панов
