177 сообраќајни прекршоци во Скопје, 39 за брзо возење
На територија на град Скопје изречени се вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкција за недавање првенство на минување на пешаци.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкција за недавање првенство на минување на пешаци.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за прекршоци што ги прават пешаците, шест мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 47 за непрописно паркирање...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апел од МВР до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
