Во понеделник штрајк на вработените во образованието и во градинките
Правото на штрајк е загарантирано, но според законот, неприкосновено право и на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи, велат од труд и социјала.

Во понеделник на генерален штрајк излегуваат вработените во образованието и во градинките. Нема договор со владата за зголемување на платите за 18 и пол насто. Правото на штрајк е загарантирано, но според законот, неприкосновено право и на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи, велат од труд и социјала.
Тоа не смее да се прекинува, освен за вонредни состојби, по претходна согласност од Министерството за труд и социјална политика, но не и за време на штрајк. Сите предучилишни установи во деновите на најавениот штрајк, ќе ја извршуваат својата дејност-згрижување и воспитание на децата како и до сега, стои во дописот.
Премиерот Ковачевски вели дека местото на учениците е во училиштата. Најавува дека владата и синдикатот ќе го продолжат социјалниот дијалог, за да се најде решение за барањето за повисоки плати.
