Средба Ковачевски-Ескобар

Секое одлагање на почетокот на преговори со ЕУ предизвикува сериозни регионални последици

08.04.2022 12:48

Премиерот Ковачевски на Делта форумот во Грција, оствари одвоени средби со заменик-помошникот државен секретар на САД Ескобар и со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Лајчак. Двајцата дипломати со поддршка за итно изнаоѓање заеднички прифатливи решенија за билатералните прашања со Бугарија. Во дијалогот Скопје-Софија има напредок, но неопходна е поддршка од Брисел за дефинирање на преговарачката рамка, потенцирал Ковачевски…

Премиерот Ковачевски и американскиот заменик помошник за Европа и евроазиски прашања Ескобар на средбата на Делфи економскиот форум се согласиле дека нема време за губење и дека секое натамошно одлагање на почетокот на преговори со ЕУ предизвикува сериозни регионални последици, го поттикнува националистичкиот наратив со што се отвора вратата за зголемено влијание на трети страни.

„Обезбеден е стабилен континуитет на стратешките политички определби за поддршка на процесите за активно учество на Северна Македонија во НАТО, како и за забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ“-истакнал премиерот Ковачевски.

Американскиот дипломат потенцирал дека иднината на Македонија во ЕУ е исклучително важна тема за САД како и заедничкото стратегиско партнерство во НАТО и билатералните односи што се во постојат развој.

Разговарале за кризата предизвика од руската агресија во Украина, и за мерките што владата ги презема за справувањето со енергетската криза.

„Неопходно е максимално забрзување на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ со почеток на пристапните преговори. САД даваат поддршка за итно изнаоѓање заеднички прифатливи решенија за билатералните прашања со Република Бугарија“, истакнал Ескобар на средбата со Ковачевски.

Шефот на владата и специјалниот претставник за Западен Балкан, Мирослав Лајчак се согласиле дека војната во Украина предизвикува негативни последици за стабилноста на Европа и посебно во регионот, при што за справување со овие последици приоритетно е да се забрза евроинтеграцијата.

Ковачевски посочил дека во дијалогот со Бугарија има напредок за кој е неопходна поддршка од ЕУ за да се дефинира преговарачката рамка и што е можно побрзо одржување на правата меѓувладина конференција и старт на преговорите за членство.

Ирина Гелевска