ДКСК

Нема каде нема корупција - заклучок на Антикорупциска

08.04.2022 16:38

Дури 50 проценти од активностите не се започнати, а се дадени во стратегијата за спречување корупција и судир на интереси, велат од антикорупциска. Според Ивановска загрижувачки е податокот што го добиле како одговор од институциите. Досега се реализирани се само 20 проценти од предложените активности, а во 27 насто реализацијата е во тек...

Нема каде нема корупција! Ова е заклучокот на Антикорупциска. Претседателката вели дека е загрижувачки податокот што го добиле како одговор од институциите во однос на активностите предвидени во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021 – 2025. Се покажало дека повеќе од 50 проценти од предложените активности воопшто не се започнати со реализација. Додаде дека се реализирани само 20 проценти, а во 27 насто реализацијата е во тек.

„Имаме три сектори, труд и социјална политика, земјоделство и спорт, каде имаме нула проценти реализација на активностите. Тоа е навистина загрижувачко!“, изјави Билјана Ивановска од ДКСК.

Во правосудството има висок процент на реализација на активностите, но тие активности се однесуваат на одржани обуки, подобрување на етичките кодекси. Во медиумите и граѓанското општество има 67 насто реализација на активностите, во јавните набавки има 33 проценти реализација, а во образование 22 насто реализација на активностите.

ДКСК до Собранието ќе предложи да се воспостави механизам за контрола за институционална одговорност за реализација на активностите, затоа што, нагласи претседателката на Антикорупција, има недоволна одговорност од страна на институциите.

Катерина Топалова