Кај граѓаните сè уште на ниско ниво е правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер
Од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап на информации од јавен карактер констатираат дека интересот кај граѓаните за користење на ова право сè уште не е на посакуваното ниво. Напредок во односот на транспарентноста има кај институциите но потребна е уште поголема флексибилност...

Иако законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е донесен уште во 2006-та година а од пред три години е и надограден кај граѓаните сè уште е ниска свеста за можноста од остварување на ова право. Постои непознавање на процедурите за да добијат некоја информација или документ од јавен карактер. Од надлежната агенција велат дека поголем интерес засега пројавува невладиниот сектор.
Во односот на транспарентноста на институциите за разлика од пред десетина години сега има напредок. Информациите на веб страните се побогати но во целост сè уште не ги задоволува потребните критериуми.
Овие серија на настани во пет поголеми општини имаат информативна цел бидејќи само со адекватен интерес и притисок на пошироката јавност институциите ќе имаат помала можност за евентуални малверзации.
Стевче Митревски
