Кривичен суд

Заврши рочиштето за Зеќири, се чека одлука од Судот

08.04.2022 22:21

Во Основниот Кривичен суд заврши рочиштето пред судија на претходна постапка по барањето за определување притвор на генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири...

Во Основниот Кривичен суд заврши рочиштето пред судија на претходна постапка по барањето за определување притвор на генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири.

Јавната обвинителка Катерина Коларовиќ информираше дека го соочиле осомничениот Зеќири со аргументите кои ги бара Законот за кривична постапка и дека останува судот да одлучи по барањето. Таа посочи дека немаат доказ во формална смисла дека тој планира бегство, но како што рече, „постои сомнеж“.

„Тоа се оперативни сознанија коишто се изнесени од страна на судот, доколку судот ги прифати ќе ви бидат соопштени, ако не ги прифати, повторно ќе објасни зошто не ги прифати“, изјави Коларовиќ.

Коларовиќ рече дека очекува судот да го прифати предлогот.