30 дена притвор за Зеќири
Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против Зеќири, за кое постојат основани сомненија за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

30 дена привор за сега веќе поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против Зеќири, за кое постојат основани сомненија за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.
Тоа значи дека судијата на претходна постапка се одлучил за најстрогата мерка бидејќи смета дека постојат опасности од бегство, од уништување на трагите или влијание на сведоци, како и опасност дека ќе го повтори кривичното дело.
Зеќири и уште двајца хрватски државјани се сомничени за злоупотреба на постапка за јавна набавка.
