МВР

243 сообраќајни прекршоци во Скопје, 82 за брзо возење

09.04.2022 09:42

На територија на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, 12 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, осум мерки за управување под дејство на алкохол, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила...

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.