Притвор за две лица осомничени за убиство на ракометарот Тот
Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје, донесе решение да го прифати предлогот на обвинителството и на 22-годишниот А.К. и 19-годишната К.Л. да им одреди мерка притвор заради постоење опасност од бегство и можност да влијаат и да ја попречат истрагата...

Мерка притвор во траење од 30 дена добија двете приведени лица, осомничени за убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот. Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје, донесе решение да го прифати предлогот на обвинителството и на 22-годишниот А.К. и 19-годишната К.Л. да им одреди мерка притвор заради постоење опасност од бегство и можност да влијаат и да ја попречат истрагата.
За убиство на 27-годишниот хрватски ракометар се осомничени три лица. 28-годишниот А. Ѓ. е првоосомничен за убиството и е во бегство. За него е распишана потерница.
Според Обвинителството, убиството се случило на 7-ми месецов рано наутро, пред ноќен клуб во Скопје кога осомничените по расправија го нападнале ракометарот удирајќи го со клоци и боксови. Од ударите тој паднал и ја удрил главата од асфалтот, но осомничените и покрај тоа продолжиле да го тепаат и без да му укажат помош си заминале.
Тот бил донесен во болница во исклучително тешка состојба и покрај обидите за реанимација починал наредниот ден.
