Пронајдена дрога при контроли во угостителски објекти во Скопје, приведени седум лица
Кај 7 лица од Скопје биле пронајдени марихуана, кокаин и таблети екстази, кои биле лишени од слобода.

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје изминатава ноќ извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица и патнички возила. Притоа, кај 7 лица од Скопје биле пронајдени марихуана, кокаин и таблети екстази, кои биле лишени од слобода.
Кај М.Ѓ.(33) и кај Д.Д.(31) била пронајдена марихуана, кај К.Т.(33) и кај Е.И.(24) била пронајдена бела прашкаста материја, кај С.И.(48) била пронајдена „екстази“, кај И.С.(24) кокаин, кај С.С.(25) биле пронајдени бела прашкаста материја и дигитална вага. По извршените проверки било утврдено дека Д.Д. бил баран по потерница од Основен суд Охрид за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Тој бил предаден во СВР Охрид за понатамошна постапка.
Лицата биле приведени и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.
