Образование - Штрајк

СОНК: Членството ќе штрајкува сѐ додека не се зголеми платата

11.04.2022 13:16

СОНК почна со генерален штрајк. Празни училишта, настава нема. Просветните работници дојдоа на работа, но не држеа часови. Работните задачи ги извршуваат во канцеларија..

Празни училишта, настава нема.  Просветните работници дојдоа на работа, но не држеа часови. Работните задачи ги извршуваат во канцеларија.

Ваква  беше сликата во најголемиот дел од скопските основни училишта откако денеска почна штрајкот во дејноста образование и во градинките. Од синдикатот  правеа обиколка меѓу членоството, велат, нема проблеми при спроведувањето на штрајкот, а поддршка  добиваат и од останатите синдикати.

Родителите се солидизираа со наставниците и многу мал број на основците се појавиле на часови. Раководствата на училиштате тврдат дека ниту едно дете не било вратено.

Наставниците се жалат дека се оставени на маргините, не се откажуваат од штрајкот се додека не се исполнат нивните барања. Во скопското ОУ „Ацо Шопов“ речиси целиот кадар штрајкува.

Од СОНК велат дека потешко оди штрајкот во градинките, а во дел од  средните скопски училишта сепак се одржува настава и покрај штајкот на професорите. Синдикатот најави дека членството ќе штрајкува се додека не се зголеми платата за 18, 4 проценти.  Засега нема најави за нови преговори меѓу Владата и СОНК.

Викторија Милевска