ПИСА - тестирање за поголема математичка, јазична и научна писменост
7.850 средношколци на возраст од 15 години од училишта избрани по случаен избор ќе учествуваат на меѓународното ПИСА тестирање заедно со врсници од 85 земји..

7.850 средношколци на возраст од 15 години од училишта избрани по случаен избор ќе учествуваат на меѓународното ПИСА тестирање заедно со врсници од 85 земји. Тестирањето ќе се реализира електронски. За оваа цел, Министерството за образование обезбеди 70 лаптопи за од 7 април до 27 мај да се спроведе тестирањето, на македонски и на албански јазик.
„Преку ПИСА тестирањето се мерат знаења на учениците од јазични вештини, математички вештини, и природни науки за првпат оваа година ќе се оценува и креативноста на учениците. Тоа значи дека ние нема да ги мериме знаењата на учениците колку тие успеваат од наставните програми да репродуцираат знаење, туку вештините и знаења стекнати низ процесот на средно и основно образование, бидејќи се тестираат ученици од прва година во средните училишта на 15-годишна возраст“, изјави Елизабета Наумовска, директорка на Државен испитен центар.
На едно од најпознатите меѓународни тестирања се мери примената на знаењата од научната и математичка писменост, читањето на учениците, а оваа година првпат и креативното размислување.
„Тестирањето се спроведува во СУГС „Владо Тасевски“, а како што изјави денеска директорот на ова училиштето Александар Сибиновски, селектирани се сто ученици. Од нив во моментов се присутни 88“.
Процесот ќе го следат внатрешни и надворешни набљудувачи. Резултатите од тестирањето ќе бидат објавени на крајот од 2023 година и ќе помогнат при правењето реформи за подигнување на квалитетот на образовниот процес.
Александра Спировска
