23 нови случаи на Ковид-19, починато едно лице
Вкупната бројка на Ковид - дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.817, бројот на оздравени пациенти е 297.354, на починати е 9.252, а бројот на активни случаи изнесува 1.211...

Во последните 24 часа направени се 953 тестови, а регистрирани се 23 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 19, Прилеп – 2, Гостивар и Свети Николе – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (23), регистрирана е 1 реинфекција.
Регистрирани сe 190 оздравени пациенти од: Скопје – 108, Битола – 23, Кавадарци – 13, Гевгелија – 9, Прилеп – 7, Велес – 6, Куманово – 5, Ресен – 4, Струмица и Кичево – по 3, Тетово, Штип, Кочани и Пробиштип – по 2 и Свети Николе – 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 1 починато лице од:Охрид (80г), починато во болнички услови со коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.984.493 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид - дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.817, бројот на оздравени пациенти е 297.354, на починати е 9.252, а бројот на активни случаи изнесува 1.211.
