Стејт департмент

Груевски и Мијалков на црната листа на САД

11.04.2022 18:20

Според Вашингтон, двајцата со нивните постапки ги поткопале владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во земјава и ја намалиле вербата на јавноста во владата. Покрај Груевски и Мијалков, Стејт департментот ги санкционираше и членовите на нивните потесни семејства, кои добија забрана за влез во САД.

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски и екс-шефот на УБК и негов братучед, Сашо Мијалков се непожелни личности во САД. Стејт Департментот ги стави на американската црна листа поради вмешаност во корупција. Според Вашингтон, двајцата со нивните постапки ги поткопале владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во земјава и ја намалиле вербата на јавноста во владата. Покрај Груевски и Мијалков, Стејт департментот ги санкционираше и членовите на нивните потесни семејства, кои добија забрана за влез во САД.

„Во неговото службено својство на премиер, Груевски беше вмешан во коруптивни дејствија, меѓу кои користејќи го своето политичко влијание и официјална моќ за лична корист. Поточно, постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и прима мито во замена за владини договори, незаконски присвоени јавни фондови и мешање во изборни процеси за политичка корист за себе и за неговата партија. Во службеното својство на директор на УБК, Мијалков бил инволвиран во коруптивни дела кои вклучуваа користење на неговото политичко влијание и официјална моќ за лична корист“, велат од Стејт Департментот.

Како резултат на денешната мерка, сите имоти и интереси во сопственост на санкционираните, кои се во или влегуваат во САД, се во сопственост или контрола на лица од САД, мора да бидат блокирани. На листата е и фирма на Груевски во Унгарија.

На објавената листа има седум луѓе од Западен Балкан. Освен Груевски и Мијалков, таму се и најде и поранешната главна обвинителка на Босна и Херцеговина, Гордана Тадиќ, некогашниот висок функционер во Црна Гора, Светозар Маровиќ.

Катерина Топалова