МВР: 108 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 13.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, во периодот од 08.00 до 13.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.
При контролата санкционирани се 108 возачи. Од нив 35 на територија на СВР Тетово, 28 на територија на СВР Скопје.
Министерството за внатрешни работи со апел до возачите, секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли.
