Десет години од петкратното убиство кај Смилковско езеро
Убиените беа на возраст од 18 до 21 година: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски. Бил пронајден мртов и 45-годишниот Борче Стевковски...

Денеска се навршуваат десет години од едно од најгрозоморните убиства во историјата на Република Македонија. На 12 април 2012 година беа убиени пет лица со огнено оружје кај Смилковско езеро во атарот на село Смилковци.
Убиените беа на возраст од 18 до 21 година: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски. Бил пронајден мртов и 45-годишниот Борче Стевковски.
За овој случај беше отворен предмет под името „Монструм“, кој доби пресуда, но предметот одново беше вратен на судење. На доживотна казна затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ. Хаки Азири за помагање беше осуден на 9 години затвор, Фејзи Азири за истото дело на 15 години затвор. Судот го отфрли обвинението на Сами Љута.
