Кривичен совет

Кривичниот совет ќе решава по жалбата за 30-дневниот притвор на Зеќири

12.04.2022 11:12

Тој е во притвор од петокот, на барање на обвинителството за организиран криминал, под сомнение дека без јавна набавка, во 4 очи склучил договор со хрватска фирма за изработка на физибилити студија за работењето на Македонски пошти...

Кривичниот совет ќе решава по жалбата за 30-дневниот притвор на генералниот секретар на Владата во оставка, Мухамед Зеќири.

Тој е во притвор од петокот, на барање на обвинителството за организиран криминал, под сомнение дека без јавна набавка, во 4 очи склучил договор со хрватска фирма за изработка на физибилити студија за работењето на Македонски пошти.

Двајцата хрватски државјани опфатени со истрагата сè уште не се достапни за органите на прогонот. Ова е втор случај на истрага против генерален секретар на Владата.

Во меѓувреме, тече судењето против Драги Рашковски, обвинет во случајот за незаконска набавка на сообраќајниот софтвер.