Во градинките во Прилеп мирен штрајк, згрижени мал број на деца
Најголемиот дел од вработените во прилепските градинки се во штрајк. Штрајкот е втор ден мирен, има мал број згрижени деца, но нешто повеќе од вчера. Од општината се бара можност за ангажман на воспитувачи и негуватели...

Втор ден се тивки прилепските градинки. Во штрајкот се вклучени преку 80 насто вработени, се одвива мирно и, велат, не го попречуваат процесот на функционирањето на објектите.
За родителите кои немаат друг начин, мора да се стигне в градинка и да се згрижи детето. Од преку 1000 пред штрајкот, вчера беа 70, а денес се згрижени 90-тина деца. Другите се снаоѓаат, но не знаат што понатаму.
Дел родители веќе прашуваат дали има услови за згрижување.
Во секоја градинка се ангажирани по две негувателки и воспитувачки. Во тек се разговори за замена.
Штрајкот продолжува, неизвесноста во градинките останува.
Елизабета Митреска
