Зеќири останува во притвор
Како што стои во соопштението од судот, советот го преиначи решението со што ја укина точката 3 од член 165 страна 1, односно можноста обвинетиот да го повтори делото.

Поранешниот Генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, останува во притвор, соопшти Кривичниот суд.
Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по жалба на одбраната на осомничениот Мухамед Зеќири, во однос на решението на судија на претходна постапка, одржа јавна седница на која донесе решение со кое се потврдува решението на претходната постапка со измени на основите за определување мерка притвор.
Како што стои во соопштението од судот, советот го преиначи решението со што ја укина точката 3 од член 165 страна 1, односно можноста обвинетиот да го повтори делото.
Зеќири и уште двајца хрватски државјани, кои не се достапни за институциите, се осомничени за злоупотреба на постапка за јавна набавка.
