МВР

Меѓународна потерница за Анџело Ѓорѓиевски, осомничен за убиството на ракометарот Денис Тот

12.04.2022 18:28

Ѓорѓиевски е првоосомничен за убиството на 28-годишниот ракометар од Хрватска Денис Тот. Тој минатата недела беше претепан до смрт пред дискотека во Скопје...

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница покрај централниот распис за Анџело Ѓорѓиевски, роден на 13 јануари 1994 година во Скопје, каде и живее на улица број 9 број 5 во село Волково. Тој се бара по наредба број 1211/22 од 12 април на ОЈО Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело- убиство.

Ѓорѓиевски е првоосомничен за убиството на 28-годишниот ракометар од Хрватска Денис Тот. Тој минатата недела беше претепан до смрт пред дискотека во Скопје, за која министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека работела без лиценца.

Претходно од ОЈО и МВР соопштија дека за неговата смрт три лица се осомничени за убиство, од кои две се приведени и притворени во истражниот затвор во Шутка, а едниот е во бегство.