Собрание

Заврши расправата за законските измени, дополнително ќе се гласа

12.04.2022 18:39

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници во скратена постапка е манипулативен и со него ќе се добие дисбаланс во систематизациите на работните места...

Пратениците денеска ја завршија расправата за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита и за Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници, и двата по скратена постапка, но не гласаа по предлог-законите.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници во скратена постапка е манипулативен и со него ќе се добие дисбаланс во систематизациите на работните места и во мотивацијата на работниците. Според пратениците од опозициската партија, досегашните економски мерки за подобрување на состојбите не даваат резултати и се контрапродуктивни.

Владејачката СДСМ, пак, смета дека е потребно скалесто покачување на платите за што, според нив, придонесува новото законско решение кое е добра основа тоа да се постигне. Потенцираа дека Владата успешно се справува и со актуелната криза и со економските предизвици.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на крајот на денешната седница посочи дека претениците дополнително ќе бидат информирани кога ќе се гласа по предлог-законите за кои денеска се расправаше.