Друштвото „Македонија“ од Ешалан, Швајцарија прослави 33 години од формирањето
На прославата била промовирана и монографијата „Македонија“, своевиден регистар на повеќе од три децениското работење на друштвото.

Македонските друштва во дијаспората имаат важна улога во животот на нашите луѓе во странство. Тоа се места, каде можат да се соберат, да го говорат својот мајчин јазик, да организираат разни активности. На тој начин го негуваат своето и во средините каде престојуваат и ги негуваат врските со татковината.
Едно од тие друштва е и „Македонија“ од Ешалан, Швајцарија. Тие одбележале значајна годишнина, 33 години од нивното формирање. Годишнината била одбележана на свечена вечер, во присуство на свои членови.
На прославата била промовирана и монографијата „Македонија“, своевиден регистар на повеќе од три децениското работење на друштвото.
На свеченоста, им било посакано добредојде и на нови членови на ова друштво.
Аида Николовска
