Македонија
Одделот за внатрешна контрола веќе работи на расчистување случај со земање мито на „Блаце“
13.04.2022 09:28
Албанската телевизија Клан со своите камери успеала да улови како македонски цариници земаат мито од телевизиската екипа.

Албанската телевизија Клан со своите камери успеала да улови како македонски цариници земаат мито од телевизиската екипа. Екипата на Клан платила 120 евра за цариникот да пропушти шест албански државјани без никакви проверки на граничниот премин
Одделот за внатрешна контрола во координација со надлежното обвинителство уште од ноќеска интензивно работи на расчистување и санкционирање на случај со земање на мито од страна на полициски службеници на Граничниот премин Блаце.
