Образование - Штрајк

СОНК се надева дека денеска ќе бидат повикани на преговори поради штрајкот

13.04.2022 12:22

Подготвен сум да пренамениме дел од буџетските средства на МОН, за да се доближиме до процентот на покачување на платите кој го бара СОНК, изјави министерот за образование Шаќири...

И на третиот ден од штрајкот во воспитно образовната дејност нема преговори меѓу СОНК и Владата. Претседателот на синдикатот Неделков на социјалните мрежи напиша дека се надева дека ќе бидат повикани денес и ќе им биде како што вели дадена разумна понуда.

Подготвен сум да пренамениме дел од буџетските средства на МОН, за да се доближиме до процентот на покачување на платите кој го бара СОНК, изјави министерот за образование Шаќири.

Вели дека е подготвен да направи отстапки од повеќе инвестициски и други активности за да се обезбедат повеќе средства со кои ќе се доближиме до процентот на покачување на платите на наставниците кој го бара СОНК.

Ова Шаќири го побарал и од другите министри во Влада. Тој вели дека преговорите со СОНК се интензивираат и се надева дека до крајот на оваа недела се надева на постигнување договор.