Притиснат од полицијата, првоосомничениот Анѓело Ѓорѓиевски сам се предал
Министерството за внатрешни работи утринава го лиши од слобода Анѓело Ѓорѓиевски првоосомничен за убиство на хрватскиот ракометар Тот. По предлог на јавниот обвинител. Судија на претходна постапка од основниот кривичен суд Скопје веќе има донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена...

Откако бил притиснат од полицијата, сам се предал. Ноќеска е приведен 28 годишниот Анџело Ѓорѓиевски, првоосомничен за убиството на ракометарот Денис Тот. Веднаш бил спроведен во истражниот затвор, каде што го чекаат и другите двајца осомничени.
Ѓорѓиевски беше недостапен на органите на прогонот од минатиот четврток. Обвинителството сите тројца ги товари за убиство кое го извршиле пред ноќен клуб во градскиот парк.
Според истрагата по кратка вербална расправија, осомничените го нападнале хрватскиот ракометар. Не престанале да го тепаат ни кога момчето паднало на земја и останало да лежи неподвижно.
Анита Д. Велковска
