Внатрешна конторла
Уапсен е началниот на смена на граничниот премин Блаце
13.04.2022 13:42
Уапсен е началник на смена на граничниот премин Блаце кој со скриена камера е фатен како бара 20 евра за патници кои влегуваат во Македонија...

Одделот за внатрешна контрола интензивно работи на расчистување на случајот со земање на мито од страна на полициски службеници на Граничниот премин Блаце.
Според првичните информации осомничен е еден началник на смена од граничниот премин со Косово кој со скриена камера е фатен како бара мито од 20 евра за патници кои влегуваат во земјава.
Случајот го објавил приватен превозник на патници кој за телевизија Клан откри дека му било побарано мито за услуга која требало да биде бесплатна.
