Евроинтеграции

Катедра Аденауер 2022 – билатералните спорови не треба да го спречуваат проширувањето на ЕУ

13.04.2022 14:02

Демократскиот свет треба да се консолидира и приклучувањето на Западниот Балкан треба да е приоритет на Европската Унија, беше кажано на трибината организирана од фондацијата „Конрад Аденауер“ и Центарот за европски студии „Вилфред Мартенс“ во Универзитетот „Гоце Делчев“.

Кризата во Украина за земјите од Балканот е шанса да се забрза процесот на евроинтеграција. Македонија треба јасно да се позиционира, да почнат преговорите со Унијата, за да се избегнат потенцијални конфликти, смета професор Јован Андоновски

„Европската Унија треба воено да зајакне, но и да биде поефикасна во процесот на проширување“, вели Даниел Браун од Фондацијата Конрад Аденауер.

Конфликтот во Украина ќе трае, светот кој го знаеме се менува, а ефектите од конфликтот ќе ги чувствуваме уште долго, вели професор Методи Хаџи-Јанев

Руската агресија врз Украина ќе го смени начинот на живеење во сите сфери на глобално ниво. Ова е повик за будење на либералната демократија да носи прагматични решенија и да излезе од комфорот на доминација на светската сцена – стои во заклучокот на „Катедра Аденауер 2022“.

Славица Величковска