Официјална посета на Црна Гора

Во Бар поставена спомен-плоча на Владимир и Косара во чест на македонско-црногорското пријателство

13.04.2022 14:26

Иницијативата за спомен плочата е на Здружението за македонско-црногорското пријателство и Заедницата на црногорците во нашата земја...

На вториот ден од официјалната посета на Црна Гора, претседателот Стево Пендаровски во Бар заедно со неговиот домаќин Ѓукановиќ на свечена церемонија на поставување на спомен-плочата на Владимир и Косара, симбол на блискост и културно-историската врска помеѓу Македонија Црна Гора.

Плочата е во спомен на ликот на црногорскиот кнез Владимир, неговата храброст и човечките идеали, како и легендата за неговата љубов со македонската принцеза Косара, ќерката на Цар Самоил. Спомен-плочата е изработена од страна на македонскиот скулптор Томе Аџиевски и е поставена во Бар, каде најмногу се негува култот кон кнезот Владимир, кој се смета за заштитник на градот.

Иницијативата за спомен плочата е на Здружението за македонско-црногорското пријателство и Заедницата на црногорците во нашата земја.